2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПарите се причината поради кои си заминува Раиконен

Парите се причината поради кои си заминува Раиконен

kimi

Кими Раиконен одлучи да се врати во Ферари од следната сезона само поради парите, откако од Лотус веќе долго време му ја одложуваа платата.

До крајот на шампионатот остануваат уште седум трки и Финецот потенцираше дека ќе го даде својот максимум за овој тим, без оглед на акумулираните финансиски обврски кон него.

„Го правам тоа, бидејќи сакам да се натпреварувам. Тоа е единствената причина што сум тука. Лотус го напуштам само и единствено поради финансиската страна. Непријатно е, но сепак сакам да му помогнам на тимот колку што можам, сакам да се натпреварувам”, објасни Раиконен.

Светскиот шампион додаде дека од Лотус можеле да направат повеќе во обидот да го задржат.

Кај Италијанците Раиконен ќе го замени Фелипе Маса и ќе соработува со Фернандо Алонсо, што предизвикува очекувања за тешки односи меѓу нив и расипување на хармонијата во тимот.

„Можам да нагласам неколку причини зошто се ќе биде во најдобар ред. И двајцата сме доволно зрели и знаеме што правиме, а тимот се грижи сето да е во ред. Ако има проблем, тогаш ќе разговараме за тоа. Сигурен сум дека работите ќе бидат во ред ” , смета Раиконен .

Финецот се раздели со Ферари во крајот на 2009-та година, но според него ситуацијата во тимот не е променет особено и очекува да има нови среќни моменти во Скудерија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП