23 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМаск најави тестирање на мозочни чипови на луѓе

Маск најави тестирање на мозочни чипови на луѓе

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека очекува клиничките испитувања на безжичниот мозочен чип, развиен од неговата компанија „Неуралинк“, да започнат кај луѓе за половина година, откако ќе истечат претходно поставените рокови.

Компанијата „Neuralink“ создава мозочни чипови кои се дизајнирани да им овозможат на луѓето со парализа да ги вратат моторните функции. Наменет е и за лекување на мозочни заболувања како Паркинсонова болест, Алцхајмерова болест и деменција.

Патем, невротехнолошката компанија во јануари објави конкурс за персонал кој ќе спроведе клинички испитувања на мозочниот чип на луѓе, уште тогаш верувајќи дека ќе добие одобрение од регулаторната агенција.

Додека чекаше одобрение за човечки тестови, компанијата спроведе голем број експерименти врз животни во последниве години.

„Зеленото светло“ за тестирање на луѓе е издадено од американската Администрација за храна и лекови (ФДА), пренесува Ројтерс.

За време на говорот во седиштето на „Неуралинк“, за време на тричасовната презентација, Маск изјави дека намерата е „да бидеме крајно внимателни и да се увериме дека сè ќе функционира добро пред уредот да се вметне во човечкото тело“.

„Мислам дека ги доставивме повеќето од нашите документи до Управата за храна и лекови и веројатно за околу шест месеци треба да добиеме дозвола за тестирање на чипот кај луѓе“, рече Маск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП