19 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Galaxy S23“ се очекува на почетокот на следната година

„Galaxy S23“ се очекува на почетокот на следната година

„Samsung“ наводно ќе ја претстави својата серија на телефони „Galaxy S23“ во текот на првата недела од февруари во САД.

Ова го пренесуваат медиумите од Кореја, кои цитираат функционер на јужнокорејскиот гигант кој е запознаен со состојбата на пазарот.

Новите телефони ќе бидат претставени за време на настанот „Unpacked“, кој ќе се одржи во Сан Франциско. Тоа ќе биде и првиот настан на „Samsung“ што ќе се одржува во живо од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Засега не е познат точниот датум на настанот.

Се очекува серијата „Galaxy S23“ да се состои од три телефони: „Galaxy S23“, „Galaxy S23 Plus“ и „Galaxy S23 Ultra“. Сите ќе бидат придвижувани од чипсетот Snapdragon 8 Gen 2, а компанијата ќе го отфрли чипот Exynos.

„Samsung Galaxy S23 Ultra“ треба да има главна камера од 200 MP, ултра-широка од 12 MP и телефото камера од 10 MP. Телефонот ќе има 12GB RAM и простор за складирање до 1TB.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП