18 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПрви информации за конзолата „PlayStation 6“

Први информации за конзолата „PlayStation 6“

По објавувањето на новите генерации на „PlayStation“ и „Xbox“, можевме да прочитаме во некои медиуми дека тие можеби се последните гејмерски конзоли од овој тип што ќе бидат претставени од „Sony“ и „Microsoft“.

Имено, бидејќи аналитичарите предвидуваат дека иднината на пазарот на видео игри му припаѓа на стримингот, тоа значи дека нема да има потреба да се купува скап хардвер бидејќи целата обработка и графичка работа ќе се одвива во облакот, додека игрите ќе можат да се играат на ТВ, телефон или на поевтин уред.

За да играте, ќе ви треба претплата на услуга за игри и интернет конекција – слично на „Netflix“, само за видео игри.

„Sony“ и „Microsoft“ веќе воведоа такви услуги за игри, како и „NVIDIA“, па дури и „Google“ влезе на пазарот со својата услуга „Stadia“, од која компанијата неодамна се откажа.

Ако иднината е навистина во стримингот, прашање е дали навистина ќе ги видиме „PlayStation 6“ и уште една генерација на „Xbox“. Ништо официјално не се знае за тоа, но благодарение на протечениот документ, знаеме нешто, а тоа е дека „Sony“ сè уште планира нов „PlayStation“. Станува збор за документ што „Sony“ го достави до британскиот регулатор кој го истражува купувањето на „Activision Blizzard“ од „Microsoft“.

Меѓу другото, во документот се споменува дека „Microsoft“ понудил да ги направи игрите на „Activision“ достапни на „PlayStation“ до 2027-ма година, што сугерира дека новата генерација на „PlayStation“ нема да биде достапна дотогаш.

На оваа информација реагираше и аналитичарот Пирс Хардинг-Рол кој на Твитер праша дали тоа значи дека „шестката“ ќе пристигне во 2028-ма година. Иако во документот не е спомната конкретната година, таа е избришана во него затоа што би ги открила корпоративните тајни планови, а со тоа би оставила впечаток за кој период се работи.

Доколку оваа информација е точна, не би требало никого да изненади бидејќи до сега „Sony“ на секои седум години претставуваше нови верзии на своите конзоли.

„PlayStation 3“ беше претставен во 2006-та година, „PS4“ во 2013-та година, а последната генерација, „PlayStation 5“ во 2020-та година. Затоа, во 2027-ма година (или можеби една година подоцна) навистина можеме да очекуваме нова верзија на „PlayStation“, освен ако плановите не се променат поради гореспоменатата популаризација на стримингот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП