26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОдлучено: Од следната недела ќе започне враќање на укинатите сметки на Твитер

Одлучено: Од следната недела ќе започне враќање на укинатите сметки на Твитер

Сопственикот и извршен директор на Твитер, Илон Маск, истакна дека следната недела ќе започне „општа амнестија“ за суспендираните сметки на оваа мрежа.

Ова се однесува на оние корисници кои не го прекршиле законот или не учествувале во неконтролирано спамирање.

Во анкетата што беше спроведена, повеќе од 72 отсто од 3,2 милиони гласови го одобрија предлогот на Маск за амнестија на суспендираните профили.

Минатиот викенд Маск го ревитализираше профилот на Доналд Трамп по слична анкета, иако поранешниот американски претседател не се огласи откако му беше обновена сметката.

Последниот пресврт во сагата на Твитер доаѓа откако компанијата отпушти уште околу 50 инженери, без предупредување. Десетици од нив беа отпуштени по електронска пошта, бидејќи нивниот „придонес не е задоволувачки“.

Останатите вработени добија предупредување за нивното работење и дека неисполнувањето на очекувањата може да резултира со прекин на работниот однос.

Се вели дека овие потези се дел од интензивните напори на Маск да ги намали трошоците на Твитер, кој должи најмалку 1 милијарда долари годишно како камата на заемите земени за купување на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП