23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Amazon Alexa“ е во голема неволја

„Amazon Alexa“ е во голема неволја

„Amazon“ годинава беше принуден да отпушти голем дел од своите вработени. Една од поделбите што го доби најголемиот удар на ова поле е тимот на „Alexa“, кој е одговорен за создавање на некои од најдобрите „Echo“ дисплеи.

Сега станува сè појасно зошто се појави оваа ситуација, бидејќи се чини дека поделбата „Worldwide Digital“ на „Amazon“ претрпува големи загуби, а тоа ги вклучува уредите „Echo“ и „Prime Video“, додека иднината на поделбата „Alexa“ е неизвесна.

Извори запознаени со ситуацијата посочуваат дека оперативната загуба на дивизијата „Alexa“ во текот на првиот квартал од 2022-ра година изнесува околу три милијарди долари. Ова е најголема загуба за која било поделба во компанијата „Amazon“.

Гледајќи ги овие резултати, може да се дојде до заклучок дека вообичаениот план на „Amazon“, кој вклучува субвенционирање на продажба на хардвер, преку продажба на услуги и други производи кои се нудат со хардверот, не функционира толку добро како што се мислеше.

Се нагласува дека „Alexa“ претставува огромен неуспех на имагинацијата, како и дека е пропуштена шанса. Изворите велат дека нема јасна насока во која треба да се оди со хардвер во компанијата.

И покрај големиот број отпуштања и нови проблеми, „Amazon“ нагласува дека останува посветена на развојот на уредите „Echo“ и „Alexa“ и ќе продолжи да инвестира во нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП