27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали новиот „Honor Magic Vs“ може да се натпреварува со „Samsung Z...

Дали новиот „Honor Magic Vs“ може да се натпреварува со „Samsung Z Fold“? (ВИДЕО)

„Honor“ го претстави својот најнов свитлив телефон во Кина – „Honor Magic Vs“.

Телефонот е потенок и полесен од неговиот претходник, а компанијата откри дека намалувањето на тежината е овозможено со целосно нов и софистициран дизајн на системот на шарките, кој му овозможува на телефонот да се затвора без видливи набори.

„Magic Vs“ се напојува со чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, кој доаѓа во комбинација од 12/256GB и 12/512GB за меморија и складирање, а има и поприфатлива варијанта со 8GB RAM и 256GB простор за складирање.

Внатрешниот екран на телефонот е со големина од 7,9 инчи, тој е од типот OLED и има резолуција од 2272 x 1984 пиксели, брзина на освежување од 90 Hz и осветленост до 800 nits. Надворешниот OLED екран од 6,45 инчи има резолуција од 2560 x 1080 пиксели, стапка на освежување од 120 Hz и поддршка за HDR10+.

„Honor“ откри дека панелот што може да се свитка ќе биде практично без набори, бидејќи новата шарка е внимателно креирана во едноделно производствен процес. Наместо 92, сега има само четири елементи, додека издржливоста и отпорот се задржани. Шарка беше тестирана во лабораторијата „Honor“, каде што издржа над 400.000 преклопувања, што претставува десет години употреба, со 100 преклопувања дневно.

На големиот екран ќе може да се вршат различни дејства со помош на паметното пенкало „Magic Pen“, кое се поврзува со телефонот преку Bluetooth.

Кога станува збор за камерите, „Honor Magic Vs“ користи главен сензор од 54 MP Sony IMX800 (F/1.9), ултра-широка камера од 50 MP што се удвојува како макро објектив и телефото од 8 MP со 3x оптички зум. На надворешниот екран има и селфи камера од 16 MP, со решетка f/2,45.

Телефонот се напојува од батерија од 5000 mAh, со поддршка за брзо полнење од 66 W, за кое компанијата вели дека го полни уредот од 0 до 100% за 46 минути. Оперативниот систем е MagicOS 7.0, базиран на Android 12.

„Honor Magic Vs“ доаѓа во три бои: портокалова, цијан и црна. „Honor“ не зборуваше за неговата глобална достапност за време на презентацијата на телефонот, но претставник на компанијата подоцна потврди дека „Honor Magic Vs“ се очекува на глобално ниво во текот на првиот квартал од 2023-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП