Турската компанија Бајкар го тестираше новото суперсонично беспилотно летало „бајрактар кизилелма“.
Тестовите на контролниот систем и перформансите на возење беа успешни, велат од компанијата, пренесува Спутник.
Овој дрон треба да профункционира следната година, објави турската државна телевизија.
Максималната брзина на дронот, според достапните податоци, е 0,9 мах или околу 1.100 километри на час. Брзината на крстарење е 740 километри на час, а досегот е околу 930 километри.
Авионот може да носи 1.500 килограми носивост и да остане во воздух пет до шест часа. Максималната висина што може да ја достигне е 14.000 метри.
Се напојува со турбомлазен мотор и може да носи различни видови ракети воздух-земја и воздух-воздух, како и авионски бомби.