Фудбалскиот клуб Работнички реагира на одлуката на Советот на Град Скопје за финансиска помош од 15 милиони денари за ФК Вардар, како помош на клубот за исплата на задоцнети плати за фудбалерите. Во основа, ФК Работнички нема ништо против помошта што Град Скопје му ја доделува на ФК Вардар, но потенцира дека се заборавени останатите клубови од главниот град.
„ФК Работнички е фудбалски бренд од метрополата и Македонија воопшто, клуб формиран далечната 1937 година кој гордо го носи епитетот Херојот од Дебар Маало. Оттаму сметаме дека Градот Скопје треба да смогне сили и да најде начин да ги помага и другите клубови, посебно прволигашите кои имаат и европско педигре.

