3 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп 14.11.2022 до 20.11.2022

Неделен хороскоп 14.11.2022 до 20.11.2022

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Полни сте со позитивна енергија и елан. Внесете го тоа на полето на работењето и сигурно ќе отидете чекор понапред.

ЉУБОВ: Оние кои се сами ќе доживеат емотивно зближување со некое лице. Оние во врска ќе имаат потреба од разговор со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Стрес и нервоза.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Сте дале ветувања кои не можете да ги исполните и сега не знаете како да ја поправите ситуацијата. Најверојатно ќе загубите од кредибилитетот.

ЉУБОВ: Некој ви оставил голем впечаток, обидете се да дознаете повеќе работи за таа личност. Оние кои се сами неделава ќе најдат солиден партнер.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со мочниот меур и настинка

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Фокусирајте се на обврските кои ги имате. Единствено така ќе успеете сите да ги решите. Не трошете премногу пари.

ЉУБОВ: Опкружени сте со љубов и внимание. Ќе бидете во позитивно расположение, а и партнерот ќе ги следи вашите чекори.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: На работното место некој многу ќе ве изнервира, но обидете се да не реагирате премногу бурно пред голем број на луѓе.

ЉУБОВ: Во оваа недела зафатените ќе сакаат да флертуваат со други лица, не правете го тоа, можно е да го загубите партнерот. Оние кои не се во врска ќе имаат добра шанса за нов почеток.

ЗДРАВЈЕ: Намалете ги цигарите.

.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Доколку започнувате нова работа или воспоставувате нова соработка, бидете внимателни оваа недела.

ЉУБОВ: Зафатените ќе бидат во стабилна и мирна врска, додека оние кои се сами ќе имаат прилика за страствен флерт.

ЗДРАВЈЕ: Внесувајте повеќе витамини и минерали.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Полето за работа е прилично лошо. Можно е да направите бројни грешки, кои можат скапо да ве чинат.

ЉУБОВ: Една личност се обидува да ви се приближи но вие сте премногу затворени. Зафатените можат да очекуваат променлив однос од партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Променливо

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Во оваа недела ќе имате многу работа и ќе бидете под огромен стрес, пронајдете начин како да се смирите.

ЉУБОВ: Оваа недела ќе биде одлична за слободните, тие насекаде ќе наоѓаат шанси за добра врска. Оние во врска ќе имаат проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Ќе имате зголемен апетит, внимавајте на исхраната.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Бидете внимателни некој од колегите се обидува да го наруши вашиот кредибилитет.

ЉУБОВ: Некое лице ви обрнува доста внимание, но сепак сеуште не сте подготвени за зрела врска. Оние во врска или брак ќе треба поискрено да зборуваат со партнерот.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со грбот или зглобовите.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: Владетелот на вашиот знак е во неповолен аспект со Нептун и може да ве доведе до проблеми на деловен план, внимавајте на концентрацијата.

ЉУБОВ: Што и да правите бидете отворени со партнерот. Не премолчувајте ништо, тоа ќе и наштети на вашата врска.

ЗДРАВЈЕ: Можен е пад на имунитетот.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Сте преземале премногу обврски па не знаете како да излезете на крај со нив. Побарајте помош од некој соработник.

ЉУБОВ: Зафатените ќе сакаат повеќе да излегуваат, да бидат во големи друштва и да флертуваат. Слободните би сакале да се во врска.

ЗДРАВЈЕ: Одлично се чувствувате.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ве очекува многу интересна понуда во текот на оваа недела. Ако не сте задоволни со материјалната состојба, потрудете се да ја подобрите.

ЉУБОВ: Зафатените ќе бидат во чудна љубовна состојба, нивниот партнер ќе флертува со некој друг. Оние кои се слободни немаат сериозни шанси оваа недела.

ЗДРАВЈЕ: Поведете сметка за имунитетот.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Во текот на оваа недела ќе морате да вложите многу повеќе енергија и сила од вообичаено. Финансиските проекти одложете ги за наредната недела.

ЉУБОВ: Ви се допаѓа некоја личност но не знаете како да и пријдете. Оние во врска или брак ги очекува благосостојба.

ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП