27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп: Мора да ми се јават по секој одигран меч на Светското...

Клоп: Мора да ми се јават по секој одигран меч на Светското првенство

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека им наредил на играчите од неговиот тим кои настапуваат за своите репрезентации на претстојното Светско првенство во Катар да му се јавуваат по секој одигран натпревар.

Седум фудбалери на Ливерпул ќе настапат за своите селекции на Светското првенство во Катар, а остатокот од тимот ќе се подготвува во Дубаи за време на Мундијалот.

„Имаме јасно правило кога се во прашање репрезентативните натпревари. Фудбалерите мора да ме контактираат после секој натпревар. Мора да ми кажат како се чувствуваат и дали нешто ги боли. Ќе бидеме во Дубаи, доколку некој од играчите се повреди и мора да го напушти репрезентативниот камп, може веднаш да дојде кај нас, изјави Клоп и додаде:

„Фудбалерите имаат свои Вокап групи, која ќе „гори“ кога ќе победи репрезентацијата на нашите играчи. Мора да бидеме во контакт со играчите, тоа не може да се промени. Го избравме Дубаи да бидеме блиску доколку некој од нив мора предвреме да си замине или испадне од Мундијалот, заклучи Клоп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП