3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИран го осуди на смрт најдобриот фудбалер во историјата на земјата

Иран го осуди на смрт најдобриот фудбалер во историјата на земјата

Шокатнат вест лансира азербејџанскиот медиум „Репорт“. Легендата на иранскиот фудбал, Али Даеи (53) е осуден на смрт. Даеи заедно со уште 15.000 луѓе учествуваше во протестите, во градот Сакез, организирани минатиот месец, по убиството на Махса Амини за неправилно носење хиџаб.

Релевантните светски медиуми не ја пренесоа веста дека Даеи е осуден на смрт, а раководството на иранската држава не ја коментираше информацијата.

Даеи е поранешен капитен и најдобар стрелец во историјата на иранската фудбалска репрезентација со 109 гола. Долго време беше најдобар стрелец на сите времиња за националните тимови. Неговиот рекорд го урна Кристијано Роналдо.

На крајот на септември тој ја повика иранската влада „да ги реши проблемите на иранскиот народ наместо да користи репресија, насилство и апсења“.

„На Даеи му беше одземен пасошот поради тоа што го напиша на Инстаграм“, објави реформистичкиот весник Хамихан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП