Македонската женска ракометна репрезентација го одигра своето најдобро полувреме на Европското првенство, но тоа не беше доволно за пласман во втората рунда, откако Романките, предводени од моќната Кристина Неагу стигнаа до 31:23 победа во Скопје.
Во солидното прво полувреме, тимот на Љубомир Савевски постојано беше во негатива, но не дозволивме Романија да се одвои, пред во второто полувреме, тие да направат предност, која потоа не беше достижна за македонската репрезентација.

