6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИ заработката на Барселона поголема од половина милијарда евра

И заработката на Барселона поголема од половина милијарда евра

fcb1

Приходите на Барселона би требало да пораснат до 509 милиони евра (680 милиони долари) оваа сезона, со што клубот ќе стане вториот клуб, по Реал Мадрид, кој ја поминал границата од половина милијарда евра, објави шпанскиот фудбалски првак во вторникот.

Приходот во сезоната 2013/2014 ќе биде зголемен со додатни средства добиени од спонзорските договори, како и од продажбата на играчот од средниот ред Тиаго Алкантара во Баерн Минхен, изјави портпаролот на извршниот одбор на Барселона, Тони Фрикс.

Клубот цели на заработка, по отплатата на данокот во висина од 36 милиони евра, додава тој.

„Тоа не е порака за триумф, бидејќи сеуште е тешко да се води клуб и мораме да продолжиме со потиката за штедење“, рече Фрикс.

Реал и Барса се најбогатите фудбалски клубови според приходите кои ги остваруваат, покажа извештајот на ревизорската компанија „Deloitte“ објавено во јануари.

Реал заработил повеќе од 500 милиони евра втора сезона по ред со пораст од 1,3 проценти, што е вкупно 520,9 милиони евра, објави Кралскиот клуб овој месец.

По отплатата на данокот, чистиот профит изнесува 36,9 милиони евра, што е повеќе од 24,2-та милиони од претходната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП