Македонските ракометарки со пораз го отворија Европското првенство. Во арената „Борис Трајковски“, фаворизираната Франција ја победи Македонија со 24:14 (12:5).
Македонските ракометарки, против дефанзивно најмоќната репрезентација во светот, немаа никакви шанси за позитивен резултат. Актуелните вице-шампионки од стратот го наметнаа својот ритам, нашите девојки буквално не може да дојдат до голот на Франција.

