Новак Ѓоковиќ му дозволи само три гема на Италијанецот Лоренцо Мусети за 6:0/6:3 победа и пласман во полуфиналето на Мастерс 1000 турнирот во Париз, одигрувајќи го својот најдобар меч на турнирот и покажувајќи дека е во добра форма пред финалето на сезоната во Торино.
За пласман во финалето, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Гркот Стефанос Циципас и Американецот Томи Пол, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Данецот Холгер Руне и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.

