Словенија и Унгарија го започнаа Европското првенство во Словенија, Македонија и Црна Гора со победи, најавувајќи борба за висок пласман на континенталниот шампионат. Првите два меча од шампионатот се одиграа во Словенија, додека натпреварувањата во Македонија стартуваат утре, кога Македонија ја пречекува Франција во 18 часот.
Словенија во дербито на вечерта имаше негатива против фаворизираните Данки, но на крајот стигна до 28:26 победа, предводени од Ана Грос, која имаше осум гола и ја доби наградата за најдобар играч на мечот.

