Организаторите на Светското првенство во Катар плаќаат групи навивачи да пристигнат на големиот турнир, и за возврат само бараат позитивн коментари на социјалните мрежи.
Врховниот комитет за остварување (СЦ) на Катар ја потврди политиката на поканување на групи навивачи за завршниот турнир како гости, откако првично холандската ТВ-мрежа „НОС“ објави дека 50 холандски фанови ќе добијат билети и платен престој за Мундијалот. Навивачите за возврат ќе потпишат „код на однесување“ за оставање на позитивни коментари за турнирот на социјалните мрежи и пријавување на „навредливи и деградирачки“ коментари.

