Маркус Рашфорд го постигна својот 100. гол во дресот на Манчестер јунајтед во меч во кој се одбележуваше 85-годишнината од достигнувањето на „ѓаволите“ за постојано внесување на игра на играч од академијата на клубот, за 1:0 победа над Вест хем на „Олд Трафорд“ и искачување на петтото место на табелата, со само поеен зад четвртопласираниот Њукасл (кој има меч повеќе).
Со Кристијано Роналдо и Хери Мегваер како стартери, „ѓаволите“ имаа иницијатива во првото полувреме, со повеќе шанси пред противничкиот гол, но чекаа до 38. минута за гол, кога Кристијан Ериксен го пронајде Рашфорд, кој, по долго чекање го заби својот 100. гол во црвениот дрес.

