Кристијано Роналдо ги брои последните денови во Манчестер јунајтед. Се погласни се најавите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на Светското првенство.
Роналдо кариерата би можел да ја продолжи во Челси, но американските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Лос Анџелес. Прашање е само дали ќе ја прифати понудата на ЛА Галакси или на ЛА ФK. Градскиот дуел на овие ривали во САД е познат како „Ел Трафико“.

