18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА формираше тим за проучување на НЛО

НАСА формираше тим за проучување на НЛО

Тим од 16 истражувачи собран од американската вселенска агенција НАСА ќе ги проучува неидентификуваните воздушни феномени, познати и како НЛО, во следните девет месеци до летото 2023 година.

Истражувањето ќе ги постави одредниците за идните истражувања за НЛО. Тимот ќе се фокусира на податоци кои не се со ознака “доверливо”, а кога ќе заврши истражувањето податоците ќе бидат достапни за јавноста. Водач на ова истражување е научникот Даниел Еванс.

„НАСА собра некои од водечките светски научници и експерти, кои ќе бидат вредна помош во фокусирањето на науката и податоците за НЛО“, рече Еванс.

Избраната истражувачка група ја сочинуваат професори, научници, океанографи и други кои ја проучуваат вселената. Поранешниот астронаут на НАСА, Скот Кели, и Надја Дрејк, научен известувач за National Geographic, се исто така меѓу членовите.

„Податоците што ги имаме за НЛО се клучни за да помогнат да се извлечат научни заклучоци за настаните на нашето небо. Податоците се јазикот на научниците и го прават необјаснивото објаснето“, рече Томас Курбушен, помошник администратор на Дирекцијата за научна мисија во седиштето на НАСА во Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП