2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал заработил повеќе од Џоковиќ

Надал заработил повеќе од Џоковиќ

nole1

Првиот тенисер на светот Новак Џоковиќ се наоѓа на второто место на играчи кои заработиле најмногу пари во текот на оваа сезона, а меѓу првите 50 тенисери се наоѓа и Јанко Типсаревиќ. Џоковиќ досега во текот на сезоната заработил 7.259.112 долари.

На првото место убедливо се наоѓа шпанецот Рафаел Надал, кој засега заработил 10.448.869 долари. Типсаревиќ се наоѓа на 35. место со заработка од 751.128 долари.

На третото место се наоѓа Енди Мареј, а го следат Давид Ферер и Хуан Мартин Дел Потро.

На листата доминираат играчите во „сингл“, но „дубл“ браќата Боб и Мајк Брајан се наоѓаат на делба на 11. место.

 

Листа на првите 10 тенисери по заработка:

 

1. Рафаел Надал – 10.448.869 долари

2. Новак Џоковиќ – 7.259.112

3. Енди Мареј – 5.416.221

4. Давид Ферер – 3.170.680

5. Хуан Мартин Дел Потро – 2.373.366

6. Томаш Бердих – 2.023.703

7. Станислас Вавринка – 1.952.348

8. Роже Федерер – 1.925.336

9. Ришар Гаске – 1.869.183

10. Жо-Вилфред Цонга – 1.438.064

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП