4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна кралот на електричните автомобили: Првиот електричен „Rolls-Royce“ има три тони (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна кралот на електричните автомобили: Првиот електричен „Rolls-Royce“ има три тони (ФОТО/ВИДЕО)

Луксузното купе „Spectre“ го одбележа влезот на британската престижна марка во трката со електрична енергија.

Влегувањето на „Rolls-Royce“ на пазарот на електрични автомобили функционира на свој начин. Тие едноставно можат да си го дозволат тоа, односно да бидат сигурни дека лесно ќе извлечат неколку стотици илјади евра од своите фанови за огромно електрично купе тешко помалку од три тони.

Поточно, „Spectre“ тежи 2.975 килограми, што го прави еден од најтешките сериски автомобили на пазарот во моментов. Се разбира, „Spectre“ не е мал автомобил, па растојанието меѓу оските е дури 3.210 mm.

Носечката структура е алуминиумска, но товарот на огромната батерија не може да се сокрие.

Батеријата од 700 kg е фина баласт во подот на возилото и со капацитет од повеќе од 100 kWh, овозможува автономија на возење од солидни 520 km, според „WLTP“.

Електричниот погон произведува 585 ks и 900 Nm, кои очигледно во „RR“ ги сметаат за доволни за задоволување на апетитот на идните сопственици, но и некои основни стандарди на марката.

На крајот на краиштата, на компанијата не и е непозната струјата бидејќи Чарлс Ролс размислувал за електричен автомобил пред повеќе од 120 години. Во 1900-та година купил електрично возило и бил маѓепсан од чувството на возење без бучава, вибрации и смрдеа.

На хартија, возилото стигнува до 100 km/h за 4,5 секунди, но тоа навистина е помалку важно во автомобил од ваков калибар.

Да, „Spectre“ е брз, но треба да се доживее повеќе како патна верзија на луксузна јахта, исто како што сугерира задниот дел на автомобилот.

Опремен со шасија „Magic carpet ride“ и „Planar“ суспензија, „Spectre“ ќе вози по планинските патишта меѓу Ница и Сент Тропе како на шини.

Не е чудно што токму на тие патишта тој ги изврши последните тестови и дотерувања на прототипот пред почетокот на производството.

Нема потреба да трошите зборови за дизајнот. Доволно е да се каже – чиста класика, но и никогаш поширока предна маска со LED осветлување.

И да, светлата се двојни, каде што дневните се исклучително тенки, а главните се скриени под нив. Тоа е рецепт кој неодамна беше претставен од „BMW“ и не помина најдобро кај критичарите. Најверојатно тука ќе помине.

Да споменеме уште две особености. Првата е дека познатата статуа „Spirit of Ecstasy“ е дотерана за да изгледа подинамично, модерно, па дури и поспортски.

Друга е дека „Spectre“ е првиот „Rolls-Royce“ во речиси 100 години што стандардно вози на тркала од 23 инчи.

Што се однесува до цената, би требало да биде некаде помеѓу „Cullinan“ и „Phantom“, па 380.000 евра би биле реална проценка за почеток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП