25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Најлошиот кошмар“ на Google се остварува

„Најлошиот кошмар“ на Google се остварува

Ако им се верува на најновите медиумски извештаи, се чини дека Google има намера повеќе да се фокусира на – хардверот. Компанијата неодамна претстави два смартфони и паметен часовник, а за следната година го најавија и таблетот Pixel, додека гласините велат дека во 2023 година можеме да го очекуваме и нивниот прв свитлив телефон.

Промена на стратегијата и поголема ориентација кон хардвер е неопходна поради ситуацијата на пазарот во последно време, која медиумите ја нарекоа „најголемиот кошмар на Google“. Се вели дека Apple го презема пазарниот удел од Samsung како најголем проблем, додека во исто време американските регулатори ја проверуваат регуларноста на договорот за пребарување помеѓу Apple и Google.

Доколку регулаторите преземат акција и пребарувачот на Google ја изгуби својата позиција во Safari, тоа би се одразило со намалување на пребарувањата преку Google. Ако, според тоа, се повеќе корисници телефоните со Android ги заменат со iPhone, додека корисниците на телефони на Apple помалку го користат пребарувачот на Google, тоа директно ќе влијае на приходите од рекламирање на Google.

Внатрешните документи до кои дојдоа новинарите открија дека и Google е свесен за тоа и тие сакаат да ја компензираат оваа потенцијална загуба на корисници со привлекување на корисниците кон нивниот хардвер. Иако ќе продолжат да ги поддржуваат другите производители на телефони кои работат на Android, тие веруваат дека најдобриот начин да ја заштитат нивната платформа е да развијат сопствен хардвер.

Затоа тие имаат намера да ги намалат инвестициите во одредени производи како што се асистенти за автомобили и Google TV и воопшто за хардвер од трети страни и тие пари и персонал да ги насочат кон нивните сопствени хардверски производи. Сепак, овој потег може да биде доста ризичен бидејќи минатогодишните бројки откриваат дека Google продал само 4,5 милиони телефони, додека Apple продаде дури 230 милиони iPhone-и.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП