9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНеограничена, чиста енергија? Објавен првиот комерцијален фузиски реактор

Неограничена, чиста енергија? Објавен првиот комерцијален фузиски реактор

Првиот светски комерцијален фузиски нуклеарен реактор ќе биде пуштен во употреба до 2040 година во Велика Британија, соопшти британската влада.

Нуклеарна централа која теоретски би можела да обезбеди речиси неограничена чиста енергија ќе биде изградена во Нотингемшир, објави Би-Би-Си.

Локацијата ја откри деловниот секретар Џејкоб Рис Мог и додаде дека на овој начин Британија „ќе му ја докаже на светот комерцијалната исплатливост на производството на електрична енергија користејќи топлина од реакции на нуклеарната фузија.

Нуклеарната централа ќе ја замени централата на јаглен која треба да биде затворена оваа година.

Сепак, истражувачите велат дека сè уште има огромни пречки што треба да се надминат пред технологијата да стане остварлива.

Во реакција на фузија, два атома се судираат и заедно формираат еден атом, ослободувајќи огромни количини на енергија. Овој процес се случува постојано во ѕвездите, каде што тони атоми на водород се распаѓаат секоја милисекунда. Кога ги раскинуваат своите атомски врски и формираат потешки атоми на хелиум, тие генерираат топлина и светлина.

Истражувачите сакаат да го повторат овој процес на Земјата, а за да го направат тоа би морале да го загреат водородот на повеќе од 100 милиони степени. Нема материјали кои можат да издржат директен контакт со оваа температура, па прегреаните атоми ќе бидат притиснати заедно со моќни магнети во уредот познат како „токамак“.

Владата вети повеќе од 220 милиони фунти за СТЕП (Сферичен Токамак за производство на енергија).

Како што е наведено, ако нешто тргне наопаку во реакторот за фузија, уредот едноставно се исклучува, така што нема ризик од ослободување на оваа колосална топлина.

Теоретски, нуклеарната фузија може да произведе огромни количества јаглеродно неутрална енергија, речиси четири милиони пати повеќе енергија отколку користење јаглен, нафта или гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП