29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗаедно со метаверзумот, подгответе се и за мета-дом и хуманоидни роботи

Заедно со метаверзумот, подгответе се и за мета-дом и хуманоидни роботи

Сè повеќе компании ширум светот развиваат сопствени метаверзуми, нова генерација на интернет што треба да им овозможи на луѓето ново искуство за поврзување и истражување на светот.

И додека корисниците се уште се сомневаат што е метаверс и кому му е потребен, LG отиде чекор понатаму и се согласи да соработува со добро познатата платформа Unity за развој на мета-домови и хуманоидни роботи.

Како што истакнаа, мета-домот ќе им овозможи на корисниците да создадат многу прецизен „дигитален близнак“ од нивниот личен простор за живеење, овозможувајќи им да поминуваат време во динамична, виртуелна верзија на нивниот дом. Се разбира, сите производи на LG инсталирани во вистинскиот дом на корисникот може да се најдат внатре во мета-домот. Дополнително, сите прилагодувања што корисникот ги прави на поставките, карактеристиките или функциите на нивните LG уреди во дигиталната средина ќе се рефлектираат во реалниот свет, обезбедувајќи иновативен, удобен метод за контрола и пријатно, ново корисничко искуство.

Корисниците исто така можат да го прилагодат својот дигитален простор со уредување мебел и апарати и да се сретнат со други мета-домашни корисници од целиот свет за да споделат лични совети и искуства користејќи ги напредните решенија за живеење на LG.

Покрај тоа, посочуваат од LG, мета-домот ќе содржи ултра-реалистични хуманоидни роботи кои ќе можат да насетат кога на корисниците им е потребна помош, нудејќи навремена поддршка, како што е помош во управувањето со одредена функција на уредот. Преку интеграција на препознавање глас, обработка на природен јазик и пристапи за контекстуално учење, како и софистицираниот мотор на Unity што се користи во различни индустрии, овие дигитални асистенти ќе можат да комуницираат на исклучително природен начин.

Интеракцијата на виртуелните жители на мета-домот ќе биде многу поприродна, благодарение на нивните вештини за разговор и реални изрази на лицето и гестови соодветни на ситуацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП