Топката „божјата рака“, со која Диего Марадона ги постигна своите два најславни гола во кариерата, ќе биде поставена на аукција во Велика Бритнија на 16 ноември и се очекува да биде продадена за сума од 2,5 до 3 милиони фунти.
Се работи за фудбалската топка од четврт-финалето на мундијалот во Мексико во 1986 година во кој Аргентина со 2:1 ја совлада Англија со двата гола на Марадона – еден неверојатен слалом низ одбраната на Англичаните и поконтроверзниот момент кога Марадона со рака го совлада голманот Питер Шилтон. По мечот, Марадона изјави дека голот е постигнат „малку со главата на Марадона и малку со ‘божјата рака’“.

