28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗдрав напиток кој го поправа расположението: Потребни ви се само 3 состојки!

Здрав напиток кој го поправа расположението: Потребни ви се само 3 состојки!

Сте забележале ли дека во последно време комбинацијата од портокал и ѓумбир е навистина популарна.

Покрај ѓумбирот и портокалот, за зголемување на расположението е заслужен и морковот бидејќи му дава на сокот интензивно портокалова боја и ги балансира вкусовите.

Состојките се доволни за една голема чаша сок, кој ќе ја сопре жедта, ќе ја излаже гладта и ќе ја намали потребата за попатни грицкања.

Состојки:

– парче ѓумбир со големина од еден сантиметар

– 450 гр морков

– 2 портокали

Подготовка:

Измијте ги, излупете и изрендајте ги ѓумбирот и морковот. Во соковникот најпрвин ставете го ѓумбирот, а потоа портокалот и морковот. Сервирајте веднаш, можете да додадете и неколку коцки мраз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП