4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМундијалска треска: Во Аргентина недостигаат сликички, се бараат 300 евра за Меси

Мундијалска треска: Во Аргентина недостигаат сликички, се бараат 300 евра за Меси

Аргентинската влада мораше да посредува меѓу тамошните киосци и компанијата што ги произведува сликичките – „Панини“, бидејќи меѓу жителите на земјата избувна незадоволство поради малиот број на примероци. Посебно е незадоволството бидејќи „недостасува“ најголемата ѕвезда Лионел Меси.

Италијанската компанија Панини објави албум и слики од фудбалери на пазарот во пресрет на Светското првенство во Катар.

Сликата со капитенот на Аргентина Меси е исклучително ретка, па некој ја понудил на интернет по цена од околу 300 евра, објави весникот „Ел Паис“. За таа сума, можно е да се купат 300 пакетчиња во киосците во Аргентина. Во автобусите, некои луѓе продаваат и лажни слики од Меси.

„Никогаш не сум видел вакво нешто“, вели Хуан Варгас, сопственик на киоск во Буенос Аирес.

Откако сликичките пристигнаа во неговиот киоск на 24 август, тој се соочува со неочекувана побарувачка. Тој тврди дека налутените клиенти сакале да го скршат киоскот кога им рекол дека останал без пакетчиња сликички.

„Почнав со 2.000 пакетчиња и ги продадов сите за еден ден. Луѓето потоа станаа насилни“, рече тој.

Џулијан Рамирез, 22-годишен студент по медицина, од шест часот наутро чекал ред пред киоскот. „На тој киоск ни даваа ливчиња со број за чекање“, рече тој.

Продажбата на албуми е за 42 отсто поголема од претходното Светско првенство во 2018 година. Аргентинците знаат дека ова е последно Светско првенство на кое ќе игра 35-годишниот Меси, кој неколку пати беше прогласуван за најдобар играч на светот.

Многумина веруваат дека Аргентина конечно би можела да стане светски шампион.

Неочекувано високата побарувачка е едно од објаснувањата за недостатокот на сликички во киосците, но Аргентинците веруваат во различни теории на заговор.

„Не сакаме такви приказни. Сакаме да испорачаме што е можно повеќе пакети“, изјави Нисилас Салустро, претставник на Панини задолжен за Аргентина.

Тој побара трпение и рече дека „никој нема да остане со празен албум“. Потребни се повеќе од 600 сликички за да се пополни албумот.

Компанијата со седиште во италијанскиот град Модена најави нови пакети, но Аргентинците се нетрпеливи.

„Во текот на целата година продаваме разни сликички од „Панини“, а сега тие со фудбалери ги испраќаат на бензински пумпи и супермаркети“, вели Клаудио Перес, сопственик на пет киосци.

Поради тоа, државниот секретаријат за трговија на Аргентина ги покани сопствениците на киосците со Панини на состанок. „Отворивме канал за дијалог за да се најде решение за ситуацијата“, соопштија од Секретаријатот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП