Кристијано Роналдо конечно го прекина постот и погоди за триумф на Манчестер Јунајтед во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ го совладаа Евертон на гости со 1:2, а Португалецот го постигна победничкиот погодок. Тоа беше негов 700. гол во клупската кариера.
Евертон поведе во петтата минута со голот на Алекс Ајвоби, но многу брзо одговори Антони за израмнување, во 15.минута.

