19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетири пијалоци кои не треба да ги пиеме пред спиење, доколку сакаме...

Четири пијалоци кои не треба да ги пиеме пред спиење, доколку сакаме мирен сон

Дали некогаш сте испиле чаша вода непосредно пред спиење, а потоа станувавте во текот на ноќта за да одите во тоалет?

Адекватниот внес на течности е клучен за да останеме хидрирани, но важно е во кое време од вечерта пиеме различни пијалоци бидејќи тоа може да влијае на нашиот сон.

„Премногу од било кој вид течност пред спиење може да влијае на вашиот циклус на спиење. Добар сон е клучот за намалување на ризикот од дебелина, срцеви заболувања, мозочен удар, депресија и целокупното расположение и способност да функционирате секој ден“, посочува Ејми Брагањини, портпарол на Академијата за исхрана и диететика, пренесува HuffPost.

Брагањини апелира до своите пациенти да престанат да пијат течности најмалку два часа пред спиење, но најдобрата временска рамка зависи од тоа што пиете.

Пијалоци со кофеин

Можеби е примамливо да пиете кафе или друг пијалок кој содржи кофеин за да го издржите попладнето доколку сте поспани, но колку подоцна пиете кофеин, толку повеќе тоа може да влијае на вашиот сон. Конзумирањето повеќе од 400 мг кофеин дневно – што е еквивалент на четири шолји – може да предизвика немир, дехидрација, анксиозност и несоница.

„За да имате добар сон, истражувањето сугерира дека е добра идеја да престанете да пиете кофеин најмалку шест часа пред спиење“, вели Крис Винтер, експерт за спиење и невролог.

Алкохолни пијалоци

Една чаша вино или пиво пред спиење може да направи да се чувствувате поспани, но всушност може да го наруши вашиот сон. Тоа е затоа што алкохолот може да има и седативно и стимулирачко дејство врз телото.

Пиењето алкохол во вечерните часови може да го наруши циклусот на спиење со брзо движење на очите (РЕМ), што е најдлабоката фаза на спиење. Исто така, може да предизвика живописни или застрашувачки соништа, да ги прекине постојаните шеми на дишење во текот на ноќта.

Најдобро е да не пиете алкохол четири до шест часа пред спиење. Ова е отприлика времето што им е потребно на повеќето луѓе да го метаболизираат алкохолот, што исто така зависи од вашата големина и тежина и од тоа колку често пиете.

Сокови и други слатки пијалоци

Не се препорачува да се консумираат премногу слатки пијалоци пред спиење. Консумирањето слатки пијалоци, како сода или сок, во вечерните часови ќе го подигне нивото на шеќер во крвта, што го поттикнува панкреасот да ослободи инсулин, хормон кој дозволува гликозата да влезе во вашите клетки за енергија. Овој наплив на шеќер може да ве држи будни ноќе. Затоа, најдобро е да избегнувате слатки пијалоци најмалку два часа пред спиење, пишува HuffPost.

Вода

Пиењето вода во текот на денот ви помага да избегнете дехидрација пред спиење. Водата ве одржува хидрирани и ја регулира вашата телесна температура во текот на ноќта, што ви помага да спиете подобро. Се препорачува да се пие вода веднаш по будењето наутро за да се рехидрира телото после спиење. Сепак, околу еден час пред да заспиете, би било добро да не внесувате големи количини вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП