19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЦелосен пресврт! Сега ТикТок го копира Инстаграм

Целосен пресврт! Сега ТикТок го копира Инстаграм

Досега се знаеше дека Инстаграм го копира ТикТок, но сега улогите се сменија.

ТикТок сега го копира Инстаграм со нова функција наречена „Photo Mode“.

Најновото ажурирање им овозможува на корисниците на TikTok да споделат повеќе фотографии во објава, заедно со опис до 2.200 знаци. Новите објави на фотографии, кои може да вклучуваат и музика, ќе се појават на страницата „For You“ на корисникот, заедно со видео содржината.

Во блог пост, TikTok рече дека се надева дека режимот на фотографија, во комбинација со неодамна проширениот број на знаци, ќе им овозможи на креаторите подобро да се изразат себеси и подлабоко да се поврзат со другите.

Сепак, Photo Mode прави страницата For You да се чувствува повеќе како Instagram на начини кои не се толку креативни. Според извештаите на медиумите, функцијата веќе ја користат креаторите за споделување стари мемиња и друга содржина што е вообичаено популарна на Инстаграм.

Интересно е да се види дека TikTok сега го копира Instagram, со оглед на тоа што неодамнешните извештаи сугерираат дека TikTok сè уште има голема предност пред Instagram Reels кога станува збор за дневни прегледи.

Исто така, ова е само еден од низата потези во кои секоја социјална мрежа го копира својот ривал, па на крајот не стануваат сите исти, пишува Engaget.com.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП