ФИФА ја објави најновата ранг-листа. На неа Македонија забележа пад од едно место. Во изминатиот период, фудбалската репрезентација на Македонија, забележа порази од Грузија и Бугарија во Лигата на нации.
Македонија на најновата ранг-листа се наоѓа на 65.место, што претставува пад за една позиција во однос на претходното рангирање.


