Сопствениците на Атлетико Мадрид, семејството Хил Марин, бара купувач за клубот. Според шпанските медиуми, причина за тоа се сериозните финансиски загуби во текот на оваа година.
„Мигел Анхел Хил Марин знае дека поседува високо ценет клуб, но оваа година има загуби од 40 милиони евра, што е проблем. Доколку клубот продолжи да акумулира загуби, ќе биде неопходно зголемување на капиталот, па Хил Марин и Енрике Серезо може да го изгубат својот мнозински удел и контролата над клубот и не се подготвени да преземат таков ризик. Цените што се плаќаат за клубовите во Шпанија се ниски во споредба со оние во Англија. Но, клубот е на пазарот“, пишува „Марка“.

