Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на повикани ракометари за двата натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.
Поширокиот списк од 35 имиња, Лазаров го скрати на 21 име. Забележливо е дека селекторот се потпира на играчи кои настапуваат во домашните клубови. Од 21 повикан ракометар, само тројца играат во странство (Митревски, Кузмановски и Петров).


