27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Ford F-150“ пристигнува во Европа

„Ford F-150“ пристигнува во Европа

„Hedin US Motor AB“, филијала на групацијата „Hedin Mobility“, ќе го увезе пикапот „F-150“ во Европа со благослов на „Ford Motor Company“.

Како дел од тоа партнерство, „Hedin“ ќе дистрибуира возила на дилерите на „Ford“, првично во Германија и Шведска, почнувајќи од првиот квартал на 2023-та година, пишува „Automoto Show“.

„„Ford F-150“ е најпродаваниот пикап во светот со причина, па затоа сме воодушевени што ќе го прошириме увозниот сектор на нашата групација со носење на американската икона во Европа“, рече основачот и број еден на компанијата, Андерс Хедин.

„Едвај чекаме да им го понудиме на европските застапници семејството на возила „F-150“, со комплетна програма за сервисирање, гаранции, резервни делови и додатоци“, додаде Андерс Ларквист, извршен директор на „Hedin US Motor AB“.

Продажбата треба да започне во ноември 2022-ра година. Информациите за цените во моментов не се достапни, но она што го знаеме е дека другите европски пазари ќе го следат примерот на Германија и Шведска, каде на купувачите им се претставени три опции, почнувајќи од „LARIAT“ со погон на „Coyote V8“. „PowerBoost hybrid Limited“ и „EcoBoost Raptor“ исто така се на пат кон Стариот континент.

Она што можеби е малку изненадувачки е тоа што меѓу селекциите го нема електричниот „Lightning“, но од друга страна, и тоа е разбирливо, бидејќи „Ford“ тешко може да се справи со побарувачката на домашно тло. Увозникот не споменува кои конфигурации на кабината се во играта, иако знаеме дека „Raptor“ доаѓа во варијанта „SuperCrew“.

„Lariat“ е достапен во САД во „SuperCab“ и „SuperCrew“, додека „Limited“ може да се конфигурира како „SuperCrew“. Логичен заклучок би бил дека „Hedin“ нарачал модели на „SuperCrew“ низ целата гама.

Што се однесува до цените, нето цената за „Lariat“ со четири врати со 5.0-литарски „Coyote V8“ мотор е 54.545 долари. „Limited“ напојуван од хибридниот систем „PowerBoost“ чини 81.465 долари, додека „Raptor“ чини 72.520 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП