27 април, 2024
ПочетнаДИЕТИИндиска диета со која ќе намалите 7 килограми како од шала

Индиска диета со која ќе намалите 7 килограми како од шала

Индиската диета трае седум дена, во кои можете да загубите до седум килограми. Во текот на диетата немојте да пиете други течности освен обична вода и црн чај без шеќер.

7 дена се јаде следново:

Појадок: 1 шолја млеко и 1 банана

Ручек: 3 лажици варен ориз зачинет со соја, 1 шолја црн чај, 2/3 шолја варен зеленчук со кари.

Вечера: 1 шолја црн чај, 2/3 шолја зеленчук со кари.

Рецепт за зеленчук со кари: Три домати исецкајте ги на кришки. Олупете еден модар патлиџан, измијте го и исецкајте го на коцки. Две пиперки и 1 морков исецкајте ги на ленти. Ситно исецкајте 2 чешниња лук. Испржете ги на маслиново масло модриот патлиџан и морковот. Додадете ги пиперките и доматот. Гответе на тивок оган 15 минути. Потоа додадете 1 лажичка кари, сол и лукот. Гответе уште 10 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП