18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто може да преживее „Apple Watch Ultra“? (ВИДЕО)

Што може да преживее „Apple Watch Ultra“? (ВИДЕО)

„Apple Watch Ultra“ беше претставен на почетокот на септември и е првиот издржлив часовник на компанијата. Ова секако е задоволство за многу Јутјубери, кои решиле да го тестираат, а меѓу нив е и „TechRax“.

Со цел да се тестираат многуте засилувања што ги користи „Watch Ultra“, како што се куќиштето од титаниум, дисплејот од сафир и заштитата за круна, „TechRax“ користеше голем број екстремни методи.

Така „Apple Watch Ultra“ беше фрлен на бетон во „drop“ тест, ставен во тегла со шајки, по што теглата беше протресена, а потоа тој одлучи да го удри часовникот со чекан.

Интересно е тоа што часовникот ги поминал сите овие тестови без трајни или поголеми оштетувања. Тука спаѓаат и ударите со чекан, а колку такви удари биле потребни за конечно да не успее часовникот во тестот, погледнете во придружното видео.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП