25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ патентирал препознавање лице со две камери под екранот

„Samsung“ патентирал препознавање лице со две камери под екранот

Иако новиот патент датира од март 2021-ва година, „Samsung“ веќе има големо искуство со вакви камери, а серијата „Fold“ веќе ја има втората генерација на селфи камери сместени под екранот.

Идејата зад новиот патентиран систем е прилично едноставна: камерите земаат неколку слики од два различни агли за да создадат 3D модел на лицето и да го користат за процесот на автентикација. Дали „Samsung“ инсистира на две камери за своите телефони на преклоп, сè уште не се знае, но како што изгледа сега постои шанса втората камера да се наоѓа на местото на сензорот за отпечатоци, што е интересно решение, особено пристапот на „Samsung“ за решавање на проблем на втората камера.

Самиот патент не навлегува премногу во детали, па можеме само да претпоставуваме дали оваа компанија планира да ги комбинира камерата и модулот за откривање или некоја сосема нова технологија, бидејќи на сликите изгледа дека горната камера изгледа како онаа од моделите „Fold3“ и „Fold4“, додека долниот, лентата на сликата има различни својства.

Патентот го споменува и мерењето на зеницата како дополнителен систем за заштита и веруваме дека ова е еден од слоевите што го оневозможува измамувањето на камерата со испечатена слика или маска.

Новиот концепт сѐ уште е концепт, но е патентиран, па не е исклучено „Samsung“ активно да работи на него, но ќе дознаеме веројатно во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП