28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛек без рецепт: Четирите докторски улоги на моќниот лук

Лек без рецепт: Четирите докторски улоги на моќниот лук

Оваа моќна кулинарска намирница не ги обогатува само јадењата, туку помага и во превенцијата и борбата против разните болести. Поради своите анти-воспалителни и антиоксидантни својства често се користи и во народната медицина.

Ние ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат на едноставен и природен начин да ги решите различните здравствени проблеми.

Уринарни инфекции

Сокот од брусница не е единствениот лек за решавање на напорните уринарни инфекции. Исхраната богата со лук исто така се покажа како благотворна метода и тоа благодарение на неговиот состав. Една од главните состојќи е aлицинот, хемиско соединение со силни антибактериски својства.

Превенција од рак

Научниците откриваат дека исецканиот лук, ако отстои десет минити пред термички да го обработите, задржува една третина од своите хемиски соединенија. Лукот е многу корисен во борбата и превенцијата на рак. Затоа, следниот пат кога ќе готвите, исецкајте го лукот и оставите го настрана да отстои 10 минути, пред да го ставите во јадењето.

Јадеж и микоза на стопалата

Имате атлетско стопало? Најдобро е да пробате да го решите на природен начин. Тука ќе ви помогне лукот кој има моќно антибактериско дејство. Неколку чешниња лук сварете ги во вода и оставете ја течноста да се олади на собна температура. Држете ги вашите нозе околу 20 минути во ова течност. Не се плашете од непријатниот мирис, бидејќи лукот кога е сварен го губи мирисот.

Победете ја настинката

Веќе на првиот знак на настинка, пробајте го овој лесен трик. Земете две парчиња лук не ги лупете и ставете ги во микробранова печка и добро загрејте ги. Кога малку ќе се оладат, олупете ги и изедете ги. Сулфурните соединенија во лукот ќе ви го зголемат имунитетот и ќе ја решат вашата инфекција. Доколку сте љубител на лукот, и немате проблеми со желудникот, можете да го конзумирате и жив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП