27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМобилните оператори најавуваат холограмски разговори

Мобилните оператори најавуваат холограмски разговори

Главните европски оператори на мобилни мрежи најавија проект за пренос на тридимензионални слики во реално време.

Операторите „Vodafone“, „Telefonica – O2“, „Deutsche Telekom“ и „Orange“ сакаат холограмски повици за голем број потрошувачи.

Финансиските детали не се споменати во соопштението објавено оваа недела. Проектот предвидува холограмските податоци во иднина да се пренесуваат преку различни мрежи. Преку очилата за виртуелна реалност може да се види тродимензионалниот горен дел од телото на соговорникот. 3D холограмот е создаден благодарение на предната камера.

Телекомуникациската индустрија долго време работи на холограмски врски, кои се технички можни, но многу сложени. Стандардот за мобилна комуникација 5G сега стана важен елемент за напредок на ова поле.

Во 2018-та година, „Vodafone“ демонстрираше холограмски видео повик во Алденхофен во минибус во движење. Проектот во тоа време беше заснован на различна технологија од сегашниот проект и беше само умерено визуелно убедлив.

Новиот проект ќе ја направи технологијата понапредна и планот е таа да стане дел од секојдневниот живот. Платформата може да се најде во продажба за околу две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП