Дали едно јаболко ви е навистина доволно за да бидете здрави? AsapSCIENCE истражуваше осум лекови за настинка кои најчесто ги применуваме и процени колкава е користа од нив.
1. Пилешка супа

Кога сме настинати, нема ништо послатко од топла пилешка супа. И добро е што е така, бидејќи таа всушност делува против воспаленијата спречувајќи ги неутрофилите, еден вид на бели крвни зрнца, да се движат. Забавувајќи го нивното движење, спречува наталожување на слуз, која ги затнува белите дробови.
2. Нахранете ја настинката

Додека сте настинати, треба да јадете храна со разновидни хранливи материи која на вашето тело ќе му даде енергија да се обнови.
3. Едно јаболко дневно и ќе бидете здрави како дрен

Тоа е делумно точно. Околу 100 грама јаболко има иста антиоксидативна моќ како и 150 милиграми витамин Ц. Лушпата од јаболкото го намалува ризикот од заболување од коронарни артериски болести.
4. Консумирајте многу витамин Ц

Без оглед дали консумирате лимон јадејќи лимон, брокула или преку таблети, тоа нема да ја намали јачината на настинката, но ќе го намали времето на траење на настинката, велат истражувањата.
5. Мед

Ако ви е потребно моментално олеснување од кашлицата или ако не можете да заспиете, медот може да ви помогне. Тој е познат по своето антивоспалително дејство, тој го зголемува производството на цитокин, кој на клетките им испраќа сигнали да се поправат.
6. Лук

Докажано е дека лукот ја намалува сериозноста и должината на настинката, како и дека ги ублажува симптомите на грип поттикнувајќи развој на гама делта Т-клетките кои ги отстрануваат патогените.
7. Ехинацеа

Кога се собрани резултатите од 14 истражувања, откриено е дека оваа билка го намалува ризикот од настинка за 58 проценти, ја намалува должината на траењето на настинката за ден ипол и делува антивоспалително.
8. Алкохол

Некои студии открија дека умерениот внес на алкохол можат да го подобрат имунолошкиот систем. Но, од друга страна, оние кои пијат алкохол во големи количини имаат најслаб имунолошки систем.