Храната и пијалоците кои ги внесуваме во организмот значително влијаат на нашето здравје, расположението, но и на телесните мириси кои ги излачуваме преку потта, плунката, или преку малата и голема нужда.
Доколку сакате да бидете сигурни дека вашиот систем за варење функционира одлично и сакате да ја отстраните секоја можност за лош здив и непријатниот мирис на потта, тогаш консумирајте го овој вкусен и многу здрав напиток.
Состојки:
- 2 јаболки
- 4-5 листови свеж кељ
- 1 свеж магдонос
- 1 сок од свеж лимон
- парче ѓумбир
Подготовка:
- Состојките добро имијте ги со ладна вода и ставете ги во блендер.
- Ако овошјето и зеленчукот не се изладени, во блендерот додадете и неколку коцки мраз.
- Добро измешајте, ставете го напитокот во чаша и пијте го наутро на празен стомак или меѓу оброците.