Најдобриот светски тенисер и освојувач на 21 гренслем титула, Роџер Федерер, в петок ќе го одигра својот последен тениски меч на Лејвер купот. Тој ќе заигра во меч во двојки, бидејќи истакна дека не може да игра во сингл.
Федерер откри кога сфатил дека не може веќе да биде конкурентен и да ги игра на највисоко ниво. Тоа беше неговиот последен официјален меч на Вимблдон, кога во четврт-финалето беше поразен од Хуберт Хуркач со 3:0, а особено го апострофира загубениот сет без да добие гем.

