22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„WhatsApp“ не им работи на некои корисници, но има решение

„WhatsApp“ не им работи на некои корисници, но има решение

Популарната апликација „WhatsApp“ објави упатства за водење на апликацијата на одредени уреди, кои можеби ги немаат најновите безбедносни надградби.

Корисниците, кои користат „WhatsApp“ на уредите на „iPhone“, се информирани дека апликацијата ќе престане да работи на одредени модели на „iPhone“.

Во извештајот на компанијата, „Apple“ истакнува дека оние кои имаат „iPhone“ со „iOS 10“ или „iOS 11“ верзија на софтверот треба да го ажурираат уредот на „iOS 12“ за да можат да користат „WhatsApp“.

Тоа значи дека „WhatsApp“ ќе може да се користи на моделите „iPhone 5S“, „6“ и „6S“, со ажурирање на „iOS 12“, но нема да биде достапен за „iPhone 5“ и „iPhone 5C“ бидејќи „iOS 12“ не е компатибилен со нив.

Оваа ситуација не е невообичаена, а од компанијата истакнуваат дека секоја година има уреди кои ги немаат најновите безбедносни надградби или потребната функционалност за да работи „WhatsApp“.

Компанијата, на пример, минатата година престана да поддржува телефони со „Android 4.0.4“ или постар софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП