3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСловенците пред мечот со Полска пиеле до пет сабајле

Словенците пред мечот со Полска пиеле до пет сабајле

Во јавноста се појави текст кој ги обвинува репрезентативците на Словенија за непрофесионално однесување за време на Европското првенство. Словенците ја шокираа целата кошаркарска јавност кога во четвртфиналето беа елиминирани од Полска.

Веб-страницата „bhbasket.ba“ во вторникот излезе во јавноста со информација дека кошаркарите „пиеле до пет часот наутро“ пред четвртфиналниот натпревар на Евробаскетот.

„Мамурни од пиење и јадење, „змајчеки“ излегоа да играат против „жешката“ и шутерски расположената Полска. Си поминаа како „боси по трње“. За слабостите им беа виновни судиите, а по натпреварот на прес-конференцијата Лука Дончиќ, лидерот на тимот, „се истури со пепел“. Очигледно не без причина, бидејќи многу добро знаел што направиле само 15-тина часа пред многу важниот натпревар. Словенците итро го сокрија пијанството, го турнаа под тепих, но во јавноста во Словенија остана горчлив вкус по четвртфиналниот натпревар и поразот од Полска Барем сега знаат за што се работи“, стои во текстот на споменатиот портал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП