Сабота, 19.март 2022 година, од обичен се претвори во најлошиот ден во животот на фудбалската ѕвезда, Пол Погба. Во вечерните часови членови на криминална група во која бил и неговиот брат Матијас, со смртни закани, тие се обиделе да изнудат 13 милиони евра. Париската полиција пред неколку дена го уапси и приведе Матијас Погба, заедно со уште четворица членови на бандата, а сега во медиумите протекуваат детали од сведочењето на ѕвездата на Јувентус.
Нив ги објави „Ле Монд“, кој пишува дека обидот за изнуда се случил за време на собир на француската репрезентација во Клерфонтен-ан-Ивелин. Погба потоа се нашол со пријател од детството во блискиот град, а кога се враќал во хотелот околу полноќ, бил пресретнат од тројца мажи, негови роднини и одведен во стан во Шантел-ан-Бри.

