Тотенхем го декласира Лестер со 6:2, во последниот денешн натпревар одигран во рамките на седмото коло, во Премиер лигата. Мечот го обележа Сон, кој постигна хет-трик за само 15 минути. Тотенхем се израмни на челната позиција на табелата со Манчестер сити, додека Лестер ја продолжи агонијата, тимот на Брендан Роџерс е последен на табелата со само еден освоен бод.
Почетокот на натпреварот им припадна на гостите, постигнаа гол во шестата минута преку Тилеманс. Белгиецот беше прецизен од белата точка.

