5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва нема да им се допадне на корисниците на „YouTube“

Ова нема да им се допадне на корисниците на „YouTube“

„YouTube“, платформата за споделување видеа во сопственост на „Google“, моментално тестира функција која нема да им се допадне на многу корисници.

Според некои корисници на социјалните мрежи, во текот на септември популарната платформа тивко имплементирала нов формат за прикажување на реклами.

Корисниците кои ја користат бесплатната верзија на услугата и немаат претплата на „YouTube Premium“ во иднина би можеле да бидат принудени да гледаат пет реклами пред да започне нивното видео.

Оваа вест одекна откако голем број корисници почнаа да се жалат на „Twitter“ и „Reddit“. Посочуваат дека наместо две им се прикажуваат пет реклами, пред да им биде дозволено да го погледнат избраното видео на „YouTube“.

„YouTube“ исто така објави официјално соопштение за ова прашање. Од компанијата посочуваат дека ситуацијата со прикажување на пет реклами може да се појави кај корисниците на „YouTube“, со одреден формат на реклами наречени „bumper ads“.

Според компанијата, овие реклами се кратки и обично се долги шест секунди. За жал, тие не можат да се прескокнат.

Во моментов, на сите корисници на „YouTube Free“ не им се прикажуваат пет реклами пред почетокот на видеото, што значи дека компанијата ја тестира оваа опција со избрана група луѓе.

Во моментов, најголемиот број корисници на „YouTube Free“ гледаат две реклами пред почетокот на видеото, а не се знае кога форматот со пет реклами ќе биде доставен до сите корисници на платформата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП