УЕФА, но и голем број од елитните европски клубови, се отворени за идејата финалето на Лигата на шампионите да се пресели во Соединетите Американски Држави за да се искористи финансискиот потенцијал на Америка и да се популаризира уште повеќе европскиот фудбал, тврди шпанскиот „Ас“.
Американскиот ТВ-пазар е убедливо најбогатиот на светот, така што Европската асоцијација на клубовите (ЕЦА), каде што се собрани најмоќните европски клубови, на состанокот во Истанбул следната недела ќе ја разгледува и опцијата за ширење на пазарот. УЕФА веќе ја почувствува моќта на американските долари кога го објави шестгодишниот договор за ТВ-преноси од Лигата на шампионите во САД со ЦБС, „Вијаком“ и „Парамаунт“ за фантастични 1,5 милијарда долари.

